Кога имате мелено месо тогаш болоњезе е одлична идеја. Може да се комбинира со паста или пак да наполните тиквички, модар патлиџан па дури и мусака со болоњезе сос. За овој сос по мој вкус потребно ви е:
600 гр. Мелено месо (говедско)
2 Моркови
1 кромид
2 чешниња лук
2 ливчиња босилок
250 мл. Црвено вино
400 гр. Домат
100 мл. Вода
1 лажица Доматен концентрат
2 лажички мајчина душица
Бибер и сол
150 гр. Пармезан
2-3 гранчиња магданос
Изрендајте ги кромидот и морковот и динстувајте ги на маслиново масло да омекнат. Додајте го месото и пропржете го додека целосно не потемни. Ставете го виното и гответе додека да испари.
Потоа додадете ги доматите излупени и насечкани, лукот зачините, босилокот ситно насечкан и водата и динстувајте на тивко околу 1 час. Тајната за добар болоњезе сос лежи токму во спорото варење. Откако ќе се свари ставете го внатре пармезанот промешајте да се растопи и послужете на паста со свеж магданос или пак со горенаведените примери. А може и да го замрзнете да ви се најде.
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ