Вкусен и најважен…
Појадокот не смее да се прескокнува и ТОЧКА. Од секогаш за мене појадокот е најважен оброк за здраво и витко тело. И тоа оној појадок кој што навистина содржи многу хранливи состојки. Еден од честите и вкусни богати појадоци е и следниот рецепт.
2 Тост лепчиња (направете си сами)
Пола авокадо
1 лажица црвен кромид
1 лажица сок од лимон
1 мала лажичка црвен пипер
Половина лажичка коријандер (во прав)
1 лажица масло од сусам
1 Домат
10 ливчиња „бејби спанаќ“
1 јајце
1 лажица лупени семки
1 лажица лупен сончоглед
Прстофат шарена сол
Бибер
Јајцето ставете го да се свари. Потоа излупете го авокадото и згмечете го со виљушка и во него додајте го црвениот кромид (ситно насечкан), црвениот пипер, коријандерот, маслото од сусам и лимоновиот сок. Промешајте да се соединат и додадете сол по желба. Тост лепчињата (овие се од цело зрно брашно, ’ржано брашно, лен и овес) потпечете ги во апаратче или на тава. Намачкајте ги со намазот од авокадо, ставете домат насечкан по желба, ливчињата спанаќ и половина јајце. Истото повторете го и со другото лепче. И на крај наросете ги со семките и шарената сол.
Пријатен ден