По петдневна пауза во кујната едвај чекав да зготвам нешто. Овој пат малку експериментирав со вкусови. Домашните го бендисаа, но баш би сакала да го чујам и вашето мислење. За да го пробате овој рецепт потребно ви е:
400гр. Пилешки стек
1 морков
1 Тиквица
Половина кромид
½ шолја Црна киноа
Половина портокал
2 г. Лажица сенф
1 г. Лажица мед
100мл. Вода
20гр. Путер
200гр. Брокула
1 чешне лук
1 лимон
1 м. лажичка црвен пипер
1 м. лажичка коријандер
1 м . лажичка сушен зеленчук
1 м. лаажичка бибер
Сол по желба
*за љубителите на луто задолжително додадете во месото лажичка чили.
Киноата,по можност био убаво измијте ја под млаз ладна вода. Потоа ставете ја да се вари. Додајте 250 мл.вода,сол,бибер и сушен зеленчук. Варете додека не испари водата односно кога ќе омекне киноата.
Додека киноата се вари во сад изрендајте ги на покрупно кромидот,морковот и тиквицата. Продинстајте ги на маслиново а потоа додадете го месото исечкано на ситни ленти продинстајте уште 2 -3 мин и додадете ги сенфот,сокот од портокал, медот и водата. Оставете да се крчка 20 до 25 мин додека не испари водата. Во меѓувреме добро исперете ја брокулата и проварете ја во зовриена вода. По 10 мин исцедете ја брокулата поминете ја со млаз ладна вода за да ја задржи свежината и бојата. Потоа во сад промешајте ја со сок од 1 лимон,изрендано лукче,сол и бибер.На крај откако ќе испари водата во месото ставете путер, црвен пипер,бибер, коријандер и сол и продинстајте уште 5мин.
Сервирајте во чинија и уживајте.
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ