Кога сакаш да готвиш еден дел од тебе е постојано во кујната. Постојано ми се вртат идеи за комбинации и ми текна дека дома малку поодамна ги бендисаа мафинките со старо лепче. Секогаш може да ги полните со било што. Една варијанта е следнава:
За 12 „мафини“
12 парчиња леб (тост леб)
6 јајца
7 Свежи шампињони
4 парчиња Панцета
6 топчиња моцарела
Путер за премачкување
Сол и бибер
[gallery size="medium" ids="18102,18101,18100"]
Од коцките леб, моите беа од цело-зрнесто брашно и семенките одстранете ги коричките од сите 4 страни. Подоцна можете да ги зачините коричките и да направите кубети. Секое парче леб прпјдете го со сукало по еднаш и ставете ги во тавата за мафини. За секоја дупка едно парче леб. Премачкајте ги со путер и оставете ги на страна.
Насечкајте ја пацентата и на тава пропржете ја да се стопи масниот дел. Шампињоните насечкајте ги на ситно а само 1 печурка насечкајте на 12 листови. Исто така и моцарелата насечкајте ја на ситно. Изматете ги јајцата колку да се соединат белката и жолчката, додајте ги панцетата, ситно насечканите п ечурки и моцарелата. Ставете сол и бибер по желба и истурајте во лепчињата. На врвот ставете по 1 лист печурка и печете 20 до 30 мин. Зависи од рерната која ја имате.
*за веге варијанта само одземете ја панцетата.
Послужете со зеленчук по желба и уживајте.
Bon appetit
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ