,

РЕЦЕПТ: Чоколадни палачинки-лесни а премногу вкусни

Добивај вести на Viber

Состојки: - 1 чаша брашно - 2 јајца -  1 чаша млеко - 50 грама путер - 60 грама шеќер -1 ванилин шеќер -4 лажици какао во прав - прашок за пециво -малку сол Тестото за овие палачинки е прилично густо бидејќи ова се американски палачинки за кои не ви треба масло. Количината на шеќер во рецептот може да ја прилагодите, а може да додадете и цимет. Како да направите чоколадни палачинки? Во голем сад ставете ¾ чаша млеко и додајде јајца, шеќер, ванила, пециво, брашно и какао. Измешајте темелно додека сите состојки не се соединат. Останатото млеко загрејте го и додајте путер. Кога путерот ќе се стопи, ставете го во тестото и внимателно мешајте. Кога ја загревате тавата предлагаме да изберете средна температура. Со голема лажица ставете го тестото во тава и пржете ги палачинките од двете страни додека не добијат убава златна боја. Готовите палачинки може да ги послужите со различно овошје, ореви, карамела и други десертни сосови.