,

РЕЦЕПТ: Pizza појадок…

Добивај вести на Viber

Кога ќе ви досади секојдневниот појадок овој рецепт е одлична идеја еден час после мусли, чиа пудинг или овесна каша (poridge). Секако за оние кои практикуваат обилен појадок. Јас лично ако не појадувам, обилно цел ден сум гладна. За тестото потребно Ви е: 300 гр. Брашно (сенаменско) 180 мл. Топла вода (не врела) 10 гр. Сув квасец 1 л. Маслиново 1 л. Кафеав шеќер 1 мала лажичка јаболков оцет Сол За доматен сос: 300 гр. Домат 1 чешне лук 1 лажиче кафеав шеќер Мајчина душица Сол и бибер За топинг на пиците: 3 парчиња печеница 150 гр. Моцарела 2 јајца 1 мала пиперка Зелена салата (бејби спанаќ или рукола) 200 гр. Кашкавал (по желба) Најпрво за да добиете одлична пица речиси како да јадете во ресторан тестото пригответе го од вечер. Во млака вода растворете го квасецот со шеќер, маслиново и оцет и покријте 10тина минути да добиете меурчиња. Потоа додадете сол и брашно. Измесете го убаво да добиете меко тесто. Ставете го во подлабок сад покријте со фолија и нека преноќи во фрижидер. Потоа може да го подготовите домашниот доматен сос. Доматите излупете ги и насечкајте ги ситно. На тавче ставете малку маслиново, а потоа ставете го ситно насечканото лукче и прстофат црвен пипер. Промешајте и за 1 мин додадете ги доматите, солта, шеќерот и мајчината душица. Повеќе практикувам мајчина душица од оригано бидејќи совршено оди со домат и моцарела или кашкавал. Варете 10тина мин промешувајќи а откако ќе се зготви и олади складирајте го во тегла до следното утро. Наутро кога ќе станете извадете го тестото од фрижидер измијте се пројдете си ги утринските ритуали и назад во кујна. 





                    

                    


                </div> <!-- end entry article -->






                




                <div class=