,

РЕЦEПТ: Торта со моркови и маскарпоне

Добивај вести на Viber

Состојки За пандишпан:
  • 300 брашно за колачи од Жито Лукс
  • 250 гшеќер
  • 200 млмасло за јадење
  • 4 јајца
  • 400 г млади моркови
  • 3 лажичкицимет
За крем:
  • 170 гпутер
  • 500 г сирење маскарпоне
  • 300 гшеќер во прав
  • 1 лажицаекстракт од ванила
Подготовка:
  • Рерната се загревa на 170 °С. Шеќерот се мати заедно со јајцата и маслото. Претходно изренданите моркови се додаваат во смесата. Се измешува. Се додава брашното и циметот и семеша додека да се добие хомогена смеса. Смесатa се пече во кружен плех претходно обложен со хартија за печење. Се пече 40 мин или додека тестото добие златнокафеава боја. Откако пандишпанот ќе се излади, се сече на 3 дела за да се добијат 3 посебни кори. За кремот: путерот, маскарпонето и шеќерот во прав се матат заедно. Се додава екстрактот од ванила и сè убаво се меша. Кремот рамномерно се распределува помеѓу корите. Се декорира по желба.