Eден од највозбудливите и најспецифични вокали на денешницата, „Rag`n`Bone Man“ доаѓа во Скопје, на голем концерт во арената „Борис Трајковски“, на 11ти мај 2018 година, во организација на Авалон продукција.
„Добитникот на BRIT и Echo наградите, Rory Graham (aka Rag`n`Bone Man) идната година оди на Grand Reserve турнеја, која опфаќа 20 земји од Европа, на која на големо задоволство успеавме да го потврдиме и Скопје. „Rag`n`Bone Man“ неодамна го издаде својот албум првенец со наслов „Human“, кој уште во првата недела се продаде во преку 117.000 примероци и така стана најбрзо продаван деби албум од музички изведувач на деценијата“, стои во соопштението на Авалон продукција.
Хит синглот „Human“ кој излезе во јули минатата година, буквално ја размрда музичката сцена и се искачи на врвот на светските топ листи дури во 33 земји, а во моментов има 367 милиони прегледи на YouTube.
Покрај тоа што „Rag`n`Bone Man“ годинава се закити со две BRIT награди, неговите турнеи во Европа и Британија се постојано распродадени
Инаку, со концертите на ТОТО, Rag`n`Bone Man, како и уште многу други ексклузивни концертни настани предвидени за идната година, започнува прославата на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција.