Со оваа фотографија, следбениците на брендот Росица Мршиќ имаа прилика да ѕиркаат додека се подготвуваше најновата колекција. Таа вечерва ќе биде конечно достапна пред јавноста.
Креаторката годинава одбележува 8 години од постоењето на својот бренд. Во интервјуто за Женски Магазин, на прашањето кому ќе се обрати со својата најнова колекција ни одговори:
„ Жените стануваат сè поприсутни во јавниот живот и во него се вклучуваат веќе на помлада возраст, па не постои цврста разлика помеѓу младоста и успешноста. Комуникацијата е насочена кон модерни, успешни и космополитски жени, со истенчен и префинет вкус, кои се силно свесни за своите квалитети и тоа сакаат да го покажат и преку изборот на облеката што ја носат.“
Колекцијата Есен Зима насловена Muse, ќе биде претставена вечерва во модното ателје на Росица Мршиќ