Култура // Настани
„Самсон и Далила“ во МОБ на 17ти јануари
На репертоарот на Балетот при МОБ, на 17 јануари е закажана балетската претстава „Самсон и Далила“, во која настапуваат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, како и Мими Поп Алексова - Атанасовска и Бобан Ковачевски. На 21 јануари ќе биде прикажан балетот за деца од Богдан Павловски „Снежана и 7-те џуџиња“, во режија, кореографија и инсценација на Витолд Борковски. За првпат во улогата на Снежана настапува Стефанија Гаштарска, студентка на престижната балетска академија Бољшој во Москва. На 30 јануари, пак, ќе биде претставен балетот „Оревокршачка“ од Петар И. Чајковски, во кореографија на Василиј Иванович Ваинонен од Русија.