Целиот месец октомври е посветен на борбата против ракот, а денес е денот во кој треба да ги „пуштите“ градите слободно.
Затоа, во прилог на овој месец, токму денес е ден без градници!
Жените велат дека време е светот да види со што се благословени тие, и додаваат дека секоја жена треба да биде горда на своите гради, без оглед на нивната големина и форма.
Градникот на жените често им користи, но женските гради се природно убави и не треба да бидат криени во градниците.
Преку социјалните мрежи, по повод денешниов ден, се повикаат сите храбри дами денес од дома да излезат без градник, а на најхрабрите им се порачува да облечат бела маичка.
Во САД веќе постои национален ден како ден без градници (9 јули), а 13 октомври оваа година е раширен низ целиот свет како дел од кампањата за борба против рак на дојката.