,

Северина се потсети: На еден концерт паднав на бина и завршив меѓу каблите

Добивај вести на Viber

Во далечната 1990 година, Северина го објави својот прв спот за песната „Води ме на танц“. Тогаш имала 18 години и започнувала соло кариера, а две години порано пеела пратечки вокал за сплитскиот бенд Тути Фрути. Анегдодата од тој период таа ја раскажа во гостувањето на хрватска телевизија. Таа открива неколку интересни случки од почетокот на својата долгогодишна кариера. Иако Северина не била главна гостинка, во таа пригода блесна во креација на Александра Дојчиновиќ. „Бев прилично лош пратечки вокал. Тогаш имав само 16 години. На концертот премногу ме внесе атмосферата и не сфатив дека кабелот на микрофонот е краток. Во еден момент паднав од бина и завршив меѓу каблите. Сепак се вратив и продолжив да пеам“, се сеќава, смеејќи се Северина Којиќ.