Рускиот виртуоз на пијаното Борис Березовски (1969), кој има голема репутација во Европа и во светот, в четврток ќе биде солист на симфонискиот концерт на Македонската филхармонија. Березовски ќе го изведе најпопуларниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Сергеј Рахмањинов, познат и како „РАХ3“.
Диригент ќе биде Емил Табаков од Бугарија. Оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе и увертирата-фантазија „Ромео и Јулија“ од Петар Илич Чајковски и свитата „Вљубен во три портокали“ од Сергеј Прокофјев.