ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Магична билка за жени

Постојат такви салонски цвеќиња кои се присутни во речиси секој дом. Но многумина не знаат ниту како се викаат, а да не говориме за нивната правилна нега.

Спатифилум – е една таква приказна. Постои верување дека ова цвеќе и’ носи среќа на жената која го поседува.

Во што се крие женската среќа? Секако, пред се’ во храмонијата во домот, а може ли да има хармонија таму каде нема силна машка потпора и мали детски нозе кои трчаат наоколу. Се верува дека токму ова салонско цвеќе е одговорно за женската благосостојба, и не ја нарекуваат попусто – женска среќа.

Ако ова цвеќе и’ го подарите на нема жена девојка, таа во најскоро време ќе го среди својот личен живот. Ако и го подарите на мажена жена – во семејството ќе се појави дете.

Всушност, сите салонски цвеќиња симболизираат нешто одредено – некои среќа во бракот, други – пари, трети – здравје, успех и така натаму. Но, зошто токму спатифилумот се смета за женски покровител.

Да се обидеме да откриеме:

Одамна жените забележале дека постоењето на оваа убава билка во домот, привлекува со себе добри промени, особено во љубовните односи. Девојките пронаоѓале свој избраник, девојките во врска – набрзо добивале понуда за брак, а мажените жени – живееле среќен брачен живот.

Среќата, исто така, доаѓала и во домот кај жени кои подолго време се обидувале да затруднат, и со појава на оваа билка, тие најпосле ја дочекувале долгопосакуваната радосна вест дека се бремени.

Многу подоцна, оваа билка и верувањата поврзани со неа, станале нашироко познати.

Жените кои веќе ја искусиле среќата, им носеле на своите другарки коренчиња од ова цвеќе, за да и тие ја доживеат магичната моќ на оваа билка. Денес, “женската среќа” е еден од најраспространетите и најомилените подароци за понежниот пол.

И покрај фактот, дека многумина не веруваат во магичните моќи на оваа билка, спатифилум во голема мера може да влијае врз приватниот живот на својата сопственичка за што сведочат голем број објави на форумите каде жените ги споделуваат своите искуства со “женската среќа” и во вистинска и во преносна смисла.

Сето тоа говори за тоа, дека оваа билка и верувањата не се празни приказни, и дека во нив постои барем дел вистина.

Ако сакате ова салонско цвеќе да го промени вашиот живот, искрено треба да го сакате и да се грижите за него. Треба редовно да се полева, да се прихранува и да се лекува ако е потребно – ако билката ја почувствува вашата љубов, ќе ви ги открие своите магични својства и вие ќе се уверите дека “женската среќа” и верувањата во неа – навистина се вистинити!