Тања Кармзова Костиглиола: Фајронт на умствената слобода

Добивај вести на Viber

Стасавме до појдовната точка. До кафезот, чии решетки ги гледаме од другата страна, со нивната сенка која создава контрасти по нашите тела. Повеќе црнина, отколку бело, повеќе јад, одошто страст, повеќе пцости од љубовни декларации, повеќе „ти“ отколку „ние“, ама неважно е. Сѐ е споредно, кога сните и кошмарите менуваат улоги како во лоша театарска претстава. Кога под удобните костими ги криеме паралелните лузни на сите разминувања и неверојатни враќања. Нема Питагорини теореми, ни Ајнштајнови закони, ниту Хипократови заклетви. Висевме во воздух со векови, налепувајќи се со честици на душевни болести и телесни слабости. Денес, пропаѓаме како антирежимски фирми пред годишен биланс, казнети да нѐ прекријат чаршафите на сите туѓи кревети во кои разменувавме секрети, но никогаш чувства. Не сме необични, се стремевме да бидеме. И не успеавме, зашто моментално ја самоубиваме единствената слобода што ја уживавме. Умствената. За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова Костиглиола