1.Со шолја кафе пијте и вода
Кофеинот од кафето ќе поттикне излачување на најголем дел од водата па важно е да ја надоместите. Водата е добро да се пие пред, во текот и после кафето.
2. Доза кофеин на полн желудник
Ако пиете кафе на празен желудник, поради високи нивоа на желудочна киселина се зголемува ризикот од настанување на чиреви, хроничен гастритис, синдром на иритабилно црево и желудочни рефлукси.
3. Три шолји дневно за здраво срце
Најголемо намалување на релативен ризик од прерана смрт поради болест на срцето е забележано кај луѓе кои пијат три шолји дневно во споредба со оние кои не пијат кафе.
4. Шолја кафе е вистинска доза на среќа
Големо истражување на 50 000 жени покажало дека една шолја кафе го намалува ризикот од развој на депресија за 15 посто, а две до три шолји дневно за 20 посто.
5. Важно е да се пронајде идеалната доза
Иако 400 мг кофеин се смета прифатлива дневна доза, не треба сите толку да пијат кафе. Секој организам е различен, па и кофеинот различно влијае на секој поединец.