На денешен ден, пред точно 10 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт. На Градскиот стадион, како да претчувствуваше, не ја штедеше својата енергија на сцена.
Емотивен, забавен, пееше, комуницираше со публиката, ги гушкаше своите фанови.
Концертот беше од хуманитарен карактер. Собраните средства беа наменети за обнова на училиштата во Македонија.
https://www.youtube.com/watch?v=j7YMFTIAYkk