Тоше, никогаш непрежален

Добивај вести на Viber

Тоше не можеме да го прежалиме ни по десет години. Толку фали неговата енергијата, инспиративната интерпретација, несебичниот пристап кон публиката, посебноста со која се посветуваше кон секој човек. Тој беше човек со потенцијал на голема ѕвезда, кој се однесуваше како да е сосема обичен. Ќе ви се јави, ќе ви посака убаво утро, ќе ви помогне кога ви е тешко. Таа негова аура, и по десет години силно грее, еднакво како што недостасува. Игри без граници беше албумот кој донесе нова боја во неговиот музички пристап. Како да сакаше да ја испрати својата порака до сите нас. Тоа утро пред 10 години беше многу студено. Информацијата пристигна од хрватските медиуми. Кај нас одекна како силна експлозија која имаше разорно дејство врз нашите емоции. Тој 16 октомври плачевме сите. Плачеме и денес. Тоше го нема. Точно 10 години. Останаа неговите песни да не погодуваат како и секогаш, директно во срце.