,

Убави и богати: Најплатените манекенки за 2017 година

Добивај вести на Viber

Форбс магазинот ја објави годинашнава листа со најбогати манекенки, а на неа се најдоа славните Кендал Џенер, Жизел Бундхен, Адриана Лима и многу други убавици... Кендал Џенер Кендал Џенер (22) е најплатениот светски модел со заработени 22 милиони долари. Од тронот ја турна Жизел Бундхен, која тоа место го држеше цели 15 години. Популарниот модел и ѕвезда на риалити шоуа повеќе од двојно ја зголемила заработката во однос на 2016 година кога заработила 10 милиони долари. Жизел Бундхен Бразилската супермоделка Жизел Бундхен (37) на година заработува околу 17,5 милиони долари. Денес никој не верува дека како дете се шегувале на нејзина сметка за тоа како изгледа. Никогаш не била подложена на операции иако многумина и говореле дека има голем нос. Криси Теиген Криси Теиген (32) годишно заработува околу 13,5 милиони долари. Се омажила за музичарот Џон Легенд во 2013. Манекенката инаку е голем обожавател на храна, но и одлична готвачка. Неодамна призна дека имала проблеми со алкохолот. Адриана Лима Убавата ангелка на Victoria's Secret оваа година заработила богатство од 10,5 милиони долари. Првиот договор го потпишала во 2000 година после што станала еден од најбараните и најплатени модели во светот. Џиџи Хадид Џиџи Хадид (20) која со голема брзина го освојува светот на модата, годишно заработува 9,5 милиони долари. Таа и нејзината сестра Бела (22) се едни од најбараните манекенки во моментов. Први сестри се кои заедно прошетаа на модната писта на ревијата на Victoria's Secret