Утринско кафе со Ленче Николовска: Недопирливите не се во мода

Добивај вести на Viber

Утринско кафе со...
Четврток, аларм 7 : 00, костум, штикли и Влада. Во една реченица, сместени час и половина „трка“ да се стигне навреме прво до автомобилот, а после и до работа. Ја не знам дали има жена што и стасало времето за спремање и сопруг кој не се нервирал на паркинг :) Четврток 8 :30 Канцеларија, и денот може да почне. Агендата слична на изминативе 3 месеци - состаноци со агро бизнисмени, средби со земјоделци и тековни активности поврзани со моменталната состојба во агросекторот. Во меѓувреме „сообраќајот“ на телефонот е значително зголемен. Се трудам да бидам достапна, одговарам на секого, помагам колку можам. Мислам дека важните и недопирливи политичари се де моде. Претседателот на Владата со својата непосредност и љубезност го покажа тоа. Јас не сум запознала друг човек кој толку има разбирање за се и за секого, како Премиерот Заев. Да не биде дека само работам, ги издвојувам најубавите кафе - муабети со советничката на Премиерот за Култура г-га Цветанка Ласкова. Разговорите ни се поделени во „рубрики“ - дневна политика, семеен магазин и од женски агол :) Ништо без вистински пријателства и добри луѓе. Денеска ќе ме стемни на состанок во Министерството за земјоделство. Работиме тимски, изработуваме стратегии, планираме долгорочно, сакаме да работиме и да покажеме резултати. Назад дома, уморна но задоволна и среќна - ручек имам од вчера :)