Утринско кафе со м-р Емилија Бошковска: Уживам во сѐ, затоа сум неуморна

Добивај вести на Viber

Динамичниот начин на живот кој секако сама го одбрав за себе, не секогаш ми дозволува да уживам во утринското кафе (задолжително турско кафе). Претежно го пијам додека се подготвувам за работа, паралелно подготвувајќи појадок и спремајќи по дома… поточно кажано на нога и во брзање бидејќи ми е потребна доза кофеин за да се расонам. Но, затоа во недела, единствен слободен ден во неделата, пиењето кафе е цел ритуал кој трае барем 1 час и тоа е време исклучиво посветено на себе во кое уживам и си угодувам. Моето мото е: Еден живот имаме и треба да го живееме со полна плуќа, а не да животариме, па затоа се што правам секојдневно се работи кои ме прават среќна и ме исполнуваат. Денот ми е исполнет со многу најразлични задачи и обврски, но она што најмногу ме исполнува е промената на изразот на лицата на луѓето на кои им помагам како психотерапевт. Нова пасија за која најдов место во мојот живот е пренесување на она што го знам на помладите. Всушност уживам во сѐ она што го работам, па можеби и затоа кога навечер се враќам од работа колку и да е доцна, се чувствувам енергизирана. Денот најчесто ми завршува во разговор и дружба со моите два ангели, веќе млади луѓе кои прераснуваат во прекрасни личности, сериозни соговорници и со кои се гордеам бескрајно. Приквечер кога сите завршуваме со своите обврски, следат задолжителните „специјални“ сендвичиња (некогаш и во 23 часот) и споделувања за поминатиот ден, секако во друштво и на четвртиот член на семејството Болд кој сите го обожаваме и кој не успеа да стекне свесност дека е куче:). Во некое не толку дамнешно време се гордеев со богатата библиотека која ја поседував и бев во тек со сите нови книги кои излегуваа, но во последните неколку години откако сум на докторски студии единствено читам стручна литература и искрено сум желна да се релаксирам со добра белетристика…уште малку… 





                    

                    


                </div> <!-- end entry article -->






                




                <div class=