Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Наташа Петровска: Малку ми треба за среќа
Денот го почнувам со шолја топол чај. Кофеинот некако не ми годи и не ме расонува, па затоа пијам чај од камилица или нане.
Првите 30 минути од денот некако ми минуваат во разговор сама со себе, во принцип наутро мислите ми се најбистри, па кога го пијам првиот утрински чај го правам и планот за денот кој следува, ги распоредувам обврските и со веќе однапред утврден концепт во глава тргнувам на работа.
Потоа одам во Фигурела и заедно со моите асистенти ја средуваме дневната агенда на нашето студио. Работниот ден ми минува во консултации со клиентите, со моите вработени, заеднички се договараме за сѐ, но смислуваме и идни планови и стратегии се со цел да го задржиме статусот - број еден метод за слабеење на домашен терен.
“Биди промената којашто сакаш да ја видиш во светот“ е еден цитат од Махатма Ганди кој секој ден си го повторувам одново и одново и на тој начин се мотивирам и се трудам апсолутно за сѐ во животот, без разлика дали станува збор за професионален или приватен предизвик.
Во Фигурела го минувам поголемиот дел од денот. Откако ќе завршам со обврските таму, се фокусирам на семејството и најблиските. Уживам во времето поминато со нив.
Апсолутно секој ден, по минимум 60 минути издвојувам за вежбање, не можам да си го замислам денот без физичка активност. Во последните неколку години ноќните излегувања ми се на стенд бај и се почесто сум дома. На пример, сакам да седам покрај камин, да запалам свеќа, да изгледам некој добар филм, за прочитам интересна книга… Многу малку ми е потребно за среќа!
- Наташа Петровска е сопственичка на студио Фигурела