Утринско кафе со Петар Георгиевски-Камиказа: Трчањето ме инспирира

Добивај вести на Viber

  Првото кафе го пијам рано на сабајле. Потоа одам да трчам на кеј. Овој ритуал го негувам околу триста дена во годината. Кога ќе се вратам дома, обично сите уште спијат. Си правам појадок… Малку слушам музика, па му се препуштам на денот, сам да ме носи. Ме мотивира сè живо и диво околу мене. Луѓето, муабетот, инаетот, среќата, трчањето, музиката, децата, бендот и уште милион други работи кои ме окружуваат. Деновите често ми се хаотични, полни со разни обврски, од сите области и луѓе кои ме окружуваат. Рано си легнувам, обично околу 23 часот, веќе сум во кревет. Ако сум дома порано, читам книга или шарам по Фејсбук. Филмови обожавам да гледам, а мојата сопруга постојано се чуди од каде секогаш ја знам содржината однапред… Интуиција…Хахаха