Утринско кафе со Сања Савеска: Ниту едно утро без женските ритуали

Добивај вести на Viber

Среќа што раното будење не ми било никогаш проблем, па и денес така почна денот, 06.15 алармот го најавува првото кафе, испиено во друштво со љубовта и утрински разговори за тековните дневни обврски, секогаш е поубаво … и кафето и почетокот на денот:) Е денес е ден за гледачите на Македонија денес, така што после првото кафе почнуваат и женските ритуали за подготовка пред ТВ екраните, а за подигнување на расположението секогаш добар избор е и добрата музика во заднина, јас без тоа не можам да замислам ниту едно утро:) По пристигнувањето во телевизијата и финалните подготовки за денешните гости во емисијата следува уште еден момент на опуштање а тоа е шминката, нешто што секоја девојка го сака и во што ужива, а ние водителките ја имаме таа среќа секогаш да имаме некој убаво да не нашминка…но верувајте моментот на вадење на шминка по емисија е уште поубав:) Следува оној навистина убав и возбудлив дел од денот… почетокот на емисијата и разговорите со моите денешни гости, можноста од прва рака да се дознаат одредени информации и да се разговара со успешни личности од сите области ја прави оваа работа една од за мене најубавите. Македонија денес продолжува и по завршувањето на емисијата, комуникација со идните гости, закажување на термини и постојано следење на сите настани и актуелности во градот и републиката. Кога не сум на работа сакам да го поминувам времето со моите најблиски и мојот Томи кој секогаш има начин како да заеднички се релаксираме по завршувањето на работните обврски.