Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Сузана Блажевска: Љубовта ми дава сила и животна убавина
Мојот ден вообичаено почнува со топла лимонада и 10 минутна утринска јога вежба. Потоа го пијам мојот природен сок заедно со мојот сопруг, кој постојано прави нов микс на овошен сок.
Првото утринско кафе го пијам на работа со мојот тим. После кафето веќе почнува денот со работа, состаноци и организација.
Силата во денот ја добивам од моите клиенти кои доаѓаат расположени, со надеж дека ова е единственото место каде си купиле момент за себе и уживаат во своето разубавување. Таа енергија на задоволни клиенти е многу голема и навистина ми го прави секој ден посебен.
Попладнето ми е работно, но секогаш одвојувам момент и за мене. Не испуштам да направам дел од третманите кои ги нудиме. Денес сакам да се разгалам со мадеро терапијата, која посебно ја обожавам. Мадеротерапија е масажа со која во потполност се редуцира целулитот и го обликувате телото. Тоа е енергична масажа – до комплетен детокс и тонизација. Се реализира со помош на специјално обликувани дрвени елементи кои овозможуваат интензивен притисок на фиброзниот целулит и отстранување на масни наслаги заедно со останатите токсини. Техниката на оваа масажа подразбира серија движења кои со кои го стимулираме лимфниот систем на телото и со тоа го ослободуваме од акумулирани токсини. Ова ослободување од токсини го поттикнува метаболизмот да ги согорува мастите. Исто така, се разбиваат џебовите од упорниот целулит, се намалуваат отоците на кожата и се овозможува израмнување на „кората од портокал“. Токму и затоа, за мене денес ќе биде спој и на убавото и на практичното кое ќе има директно влијание врз мојот изглед.
Вечерните часови ми се најомилениот дел од денот, бидејќи ми е посветен на фамилијата или дружба со пријателите. Дружењето со моите пет внучиња и нивните прегратки. Детските игри, љубовта и насмевките се нешто што ми дава сила и убавина во животот.
- Сузана Блажевска е сопственик на Центарот за убавина Афродита С