,

Фантастичната Клаудија во прекрасна црвена тоалета на Версаче

Добивај вести на Viber

Супермоделот Клаудија Шифер го потсети светот зошто таа е еден од најуспешните и посакувани модели од 1990-тите со нејзиното појавување на германската церемонија на „Бамби“ во Берлин. Русокосата зрачи со елеганција, стил и класа во неверојатниот фустан на Версаче. https://www.instagram.com/p/BbkoGyeDFcl/?taken-by=versace_official Фустанот е вистинско уметничко дело - во црвеникаво-црна боја, со детали од црна кожа дополнети со златни акценти на кои е прикажана главата на медуза. Се разбира, Клаудија Шифер беше со нејзините типични меки златни кадрици и едноставна шминка. https://www.instagram.com/p/BbkgbiVj_MX/?taken-by=versace_official Наградите Бамби - најпрестижните германски медиумски награди - се доделуваат од 1948 година. Тие се „верници кои ја возбудуваат и инспирираат германската публика со својата визија и креативност“.