Формулата за среќен брак е супер пријателство
Која е тајната за среќен брак? На ова прашање, одговор се обиделе да добијат и научниците. Нивнотот сознание е мошне едноставно. Пронајдете партнер кој едновремено ќе биде и парнер и ваш најдобар пријател. Резултатите се добиени на темел на податоците прибрани од неколку различни истражувања.
Пријателството е клучниот механизам кој може да ја објасни врската меѓу бракот и животното задоволство, сметаат авторите на ова истражување. Степенот на среќата, опаѓа во периодот на средната возраст. Kај луѓето во брак, овој момент не е така изразен. Причината за тоа е што стресот од проблемите, грижата за децата и родителството се поделени на двајца, па така се совладува полесно. Партнерите често разговараат и се растеретуваат од товарот.
Токму партнерскиот однос кој не е базира на љубов или страст, им овозможува на луѓето да уживаат во придобивките од бракот и ги прават посреќни.
Брачната среќа не препознава формалности, па еднакво среќни, според ова истражување, биле и личностите кои не се во формален брак, туку само живеат заедно.
Бракот на некој начин е супер пријателство, заклучуваат авторите на истражувањето.