Холивудската актерка Рис Витерспун за новата кампања на својот моден бренд Draper James позирала заедно со својата 18-годишна ќерка Ава Филипе. Се работи за колекцијата за Валентајн, а тие две носеле црвена (мајката) и розева (ќерката) тоалета и на фотографиите изгледаа како две сестри. Освен парчето чија цена е 125 американски долари, 18-годишната Ава носела и бела маичка со принт срце која чини 38 долари и фармерки.
На Ава, ќерката која Рис ја доби во бракот со Рајан Филипе, ова и втор пат да се појави во модните води. Неодамна заблекса во кампањата на куќата Роадрт, но ова позирање со мајка си и било многу поопуштено.
Таа рекла дека и двете многу сакаат тренди работи, иако имаат различни стилови. Сепак, понекогаш ја делат облеката.
„Понекогаш Ава и јас една од друга си позајмуваме облека, но многу ме радува што таа израсува посебен интерес низ изборот на свои стајлинг парчиња“, рекла Рис.
Погледнете како изгледаат Рис и Ава во кампањата.