,

(ФОТО) Бијонсе во „custom made“ фустан и накит од 6,8 милиони долари ги засени сите на Греми наградите

Добивај вести на Viber

Откако стана мајка познатата пејачка ретко се појавува во јавноста, но кога тоа го направи, посебно доколку е во прашање гала настан, се труди да биде запамтено. Пред да заблеска на Греми наградите, Бијонсе во друштво на Џеј Зи прво се појави на пред гала забава на Clive Davis.  Двојката собра овации благодарение на соодветните стајлинзи, чиј изглед потсетил на легендарните Bonnie & Clyde look од познатиот филм.

Најмногу благодарение на кадифеното одело кое го облекол Џеј Зи, додека црната кожна баретка на пејачката го надополнила впечатокот. Меѓутоа, најголемо внимание предизвикала црната тоалета со асиметричен крој која поп дивата ја имала на себе.

https://www.instagram.com/p/BeiVZnyns8b/?utm_source=ig_embed Во прашање е custom made креација на брендот  Azzi & Osta,  која се истакнува со долг дел кој се влече, и скулптурен дел во пределот на појасот, како и фактот дека левата нога била целосно откриена. Иако двојката имаше соодветни комбинации, тие сепак не беа  matchy-matchy - што е стилски прилично тешко да се изведе. Меѓутоа, вистинскиот трик зад нивниот впечатлив изглед лежи во ставот, нешто што ниту сите пари на овој свет не може да го купи. Неколку часа подоцна на официјалната Греми церемонија, Бијонсе се појави во уште подраматично издание. https://www.instagram.com/p/BehhgYTF5kS/?utm_source=ig_embed Тесна коктел тоалета (исто така црна и од плиш) со крој кој максимално ја истакнува нејзината силуета, а поенатата на изгледот повторно била во скулптурен модел, овој пат нагласен со високи шлицеви на двете нозе, и резови на рамениците. Секако, исто така  custom made модел, но со потпис на Никола Џебран.   Уште позначајна улога во ова издание играле ефектните аксесоари од кои во изгледот најмногу доминираа обетките и тоа оние со потпис на Лорен Шварц. Во прашање се 70-каратни дијамантски обетки од титаниум, чиј среден дел бил украсен со 35-каратни бисери. Изгледот е дополнет со интересен шешир, мачкести наочари, и  Jimmy Choo сандали. https://www.instagram.com/p/BehhiSkFOnN/?utm_source=ig_embed