Диета,
Совети
(ФОТО) Блејк Лајвли ја откри суровата вистина која се крие зад нејзиниот изглед после породувањето
Иако навикнавме познатите дами после породување да и се вратат на совршената линија, Блејк Лајвли ни покажа дека на некои жени тоа не им е толку лесно и едноставно.
Актерката која уште долго ќе ја памтиме по улогата на Серена во „Трачарка“ откри дека после породувањето и требале 14 месеци за да се врати во старата форма и на старата килажа.
Блејк призна дека за десет месеци и во текот на втората бременост се здебелила неверојатни 27,7 килограми. Но со напорни вежби и личен тренер, успеала за извесно време да ослабне и да се врати на килажата која ја имала пред породувањето.
-Изгледа дека не можете да изгубите 27,7 килограми кои сте ги добиле во текот на бременоста само скрулајќи по Инстаграм и прашувајќи се зошто не изгледате како сите тие бикини модели. Му благодарам на мојот тренер што моето тело пак го врати во форма. Ми требаа 10 месеци да ги додадам тие килограми, а 14 за да се спасам од нив-напишала актерката.
https://www.instagram.com/p/BfGrZfxg5sW/?utm_source=ig_embed
Таа вежбала со Дон Салдино кој е заслужен за совршениот изглед на Скарлет Џонсон и мажот на Блејк Лајвли Рајан Рејнолдс, пишува Индепендент. Нејзината објава наиде на воодушевување кај фановите кои и порачаа дека е многу храбра поради признанието и е вистинска инспирација за сите.
https://www.instagram.com/p/BfG6rRslId9/?utm_source=ig_embed