Фотографката Инес Опифанти од Хамбург направи мал проект кој го насмеа цел свет и докажа дека кучињата и нивните сопственици може да си личат!
Секогаш се прашувавме дали кучињата може да направат различни „фацијални експресии“ како луѓето и мислиме дека конечно добивме одговор. Инес која доаѓа од Хамбург решила да направил мал експеримент откако го посвоила нејзиното куче.
Таа неколку сопственици на кучиња ангажирала за сликање, но и нивните миленици, и побарала од нив да се обидат да го имитираат нивниот израз на лице.
Прво се сликани кучињата. Тие се поставени на мал подиум пред платно, а сопствениците им говореле команди и зборови кои знаат да ги препознаат, но и оние кои никогаш не ги слушнале. Секако дека сите кучиња добиле многу „слатки“, галење и пофалби, по што го игнорирале блицот и генералното фотографирање. Многу било важно да бидат сите опуштени, а не исплашени, како би го покажале своето природно однесување.
На ред потоа дошле луѓето чија задача била да го изимитираат изразот кој нивното куче претходно го направило. Резултатите биле пресмешни, а заклучокот на целата оваа приказна е дека луѓето знаат добро да ги имитираат своите миленици.
Погледнете ги фотките и забавувајте се!