,

(ФОТО) Како изгледаат денес децата од познатата комедија „Модерно семејство“

Серијата „Модерно семејство“ останува една од најпопуларните ТВ-комедии и по осум емитувани сезони. Децата од оваа серија веќе пораснаа, а каналот „Еј-Би-Си“ веќе планира покачување на нивните хонорари. Според „ Дедлајн “, постарите деца веќе потпишале договори за 9-та и 10-та сезона. Сара Хајланд, Ариел Винтер, Нолан Гулд и Рико Родригез веќе се полнолетни, а во серијата се веќе цели осум години. Нивниот хонорар се покачува за 150 илјади долари по епизода. Помладите актери, кои подоцна се приклучија во екипата, најверојатно нема да добијат покачувања. Серијата „Модерно семејство“ е една од најомилените на многумина! Децата кои се дел од серијата дефинитивно претрпеле некои промени. Погледнете во нашата галерија и кажете ни дали ги препознавате? Сара Хајленд како Хали Данфи Ариел Винтер како Алекс Данфи Нолан Гулд како Лук Данфи Обри Андерсон-Еммонс како Лили Рико Родригез како Мани Делгадо