Животна училница // Приказни
(ФОТО) Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип 70 години по свадбата
Кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг, принцот Филип, слават 70 години од нивната свадба. По повод претстојната годишнина, Бакингемската палата објави нова портретска слика за кралската двојка.
Фотографијата на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип беше направена претходно овој месец. На неа Кралицата го носи истиот фустан со кој била на церемонијата за нивната „дијамантна свадба“ (60-та годишнина) во истата опатија.
https://twitter.com/RoyalFamily/status/932006703217995776?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.economic.bg%2Fbg%2Fnews%2F9%2Fkralitsa-elizabet-ii-i-prints-filip-otbelyazvat-70-godini-ot-svatbata.html
Брошката со која е украсен фустанот е направена од жолто злато, инкрустирани рубини и дијаманти. Тоа беше подарок за Елизабета Втора од страна на принцот Филип во 1966 година.
Тие ќе ја прослават својата годишнина со скромна семејна прослава во Виндзорската палата и нема да има официјални настани по тој повод, објави Ројтерс.
Тие се венчале на 20 ноември 1947 година, во Вестминстерската опатија, кога Елизабета сè уште е принцеза, а Филип е поморски офицер. 70 години подоцна, тие се вистински пример за вистинско семејство, подготвени да се соочат со било какви предизвици.