Стил Профил,
Трендови
(ФОТО) Рита Ора во авангардна верзија на класичен костим ги воодушеви модните критичари
Мал црн фустан, добри фармерки и салонки или бела кошула и панталони: проверено, успева во сите прилики.
Сепак, посебно не радува и инспирира кога некое класично парче добие еден нов облик, нова форма, а еден таков пример ни демонстрираше англиската пејачка со албанско потекло Рита Ора на улиците на Њујорк, кога папараците ја сликаа при влегување во ТВ студио во Њујорк.
Младата пејачка, со фантастични гласовни можност го унапредила својот деловен изглед до максимум со несекојдневен сив комплет, кој го потпишува парискиот бренд Dice Kayek, кој го сочинуваат тесни манталони и деконструирано сако, кое е предмет на нашите модни желби!
https://www.instagram.com/p/Bequsa2jd9A/?utm_source=ig_embed
Сакото има комплексни кроечки композиции и го сочиннуват три дела до ревери, потоа долги и тесни ракави, како и уште еден пар широки, но кратки ракави .
Авангардната креација, русокосата ја заокружи со Кристијан Лобутин црни салонки кои уште толку и го засилија моќниот изглед.