,

(ФОТО) Хали Бери блесна во провокативно издание на црвениот тепих

Добивај вести на Viber

Хали Бери знае како да го привлече вниманието. Признале или не на 51-годишната актерка нема кој не и завидува а таа се уште плени воздишки каде и да се појави бидејќи сè уште изгледа одлично. Тоа го докаќа токму на завчерашното доделување на “NAACP Image Awards” во Калифорнија, на чиј црвен тепих прошета во навистина провокативно издание. Бери блесна во црно-црвен проѕирен фустан, но кога малку подобро ќе погледнете, ќе забележите дека таа го покажала својот задник. Ултра високите црни потпетици успешно го надополнија изгледот на актерката и ја направија да изгледа фасцинантно.