ХИПЕРАКТИВНОСТ КАЈ ДЕЦАТА

Во последните години оваа тема е многу актуелна. Премногу прашања, премногу дилеми, предолги улици кои изгледаат предолги за родителите чии деца се окарактеризирани како хиперактивни. Но, по ова прашање, стручњаците се едногласни-претераната активност кај малите деца не е третираат како нарушување во однесувањето или болест, туку различност во темпераментот.

Премногу активните деца се непредвидливи во однесувањето, кое често може да биде и непријатно. За некое дете можеме да кажеме дека е хиперактивно доколку претераната активност му смета во развојот, во учењето и другите активности, затоа што не е во состојба да се задржи на нив поради постојаната потреба од движење. Од друга страна исто така на претерано активно дете кое потребата за движење може да ја мери со онаа на хиперактивното-таа воопшто не му смета во учењето, следењето на наставата и другите активности.

Ако хиперактивноста и отсуството на внимание ги дефинираме како болест, тогаш треба да се лекуваат со лекови кои во суштина нема да направат ништо друго освен што ќе ја променат состојбата на свеста дури се под нивно дејство. Но ако хиперактивноста се прифати како различност во темпераментот тогаш на тие деца ќе им пристапиме со воспитни и едукативни постапки за полесно да се носат со својот темперамент, подобро да се адаптираат во средината во која живеат. Тука акцентот го ставаме на воспитувањето во кое подеднакво учествуваат и родителите и наставниците. Дали хиперактивноста е доживотно присутна? Според стручните лица кои се занимаваат со оваа проблематика, кај 70% од случаите, хиперактивноста се намалува или потполно исчезнува во пубертетот. Најважно од се е на детето навремено да му се помогне, да се пристапи на правилен начин во сите сегменти. Во спротивно, проблемот ќе остане и кога ќе пораснат. За Женски МагазинРужица Митровиќ-Дипломиран педагог