ХОРОСКОП ЗА ЧЕТВРТОК: Дознајте што ви подготвиле ѕвездите за денес

Добивај вести на Viber

Овен Денес енергичното ниво ви е стабилно и сте исклучително функционални, но поради желбата да завршите што е можно повеќе работа може да дојде до грешки кои после тешко ќе можете да ги поправите. На крај, ќе се свестите и ќе видите каде сте згрешиле, па поправањето ќе го оставите за утрешниот ден кој е поповолен. Бик Не преценувајте ги можностите. Еден погрешен чекор и можете да се вратите на почеток на важни проекти и задачи. Воздржете се од прикажување на премногу емоции, бидејќи едвај некој ќе се заинтересира за вашите чувства. Може да ве игнорираат и да се почувствувате уште полошо. Близнаци Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир. Рак Не е пожелно да сте премногу активни и иницијативни. Денес може да се однесувате иритирачки кон луѓето од кои зависите. Намалете го темпото и бидете толерантни. Лав Престанете да бидете 100 проценти убедени и самоуверени дека нема ниту една пречка пред вас. Доверете се на досегашното искуство, а не на агресивната сигурност. Ќе напредувате само ако реално размислувате. Девица Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За сè друго гледајте само напред. Вага Физичката состојба ви е добра, но психичката состојба ви е нестабилна. Воздржете се од учество во спорови или најобични дискусии за службени прашања. Субјективни сте и можете да кажете нешто несоодветно, со што можете да си наштетите. Скорпија Дури и да има повод за конфликт правете се дека не го забележувате. Гледајте од високо на секојдневните проблеми и не се нервирајте за ситници. Обрнете внимание на членовите на вашето семејство, бидејќи имаат потреба од ваш совет. Стрелец Избегнувајте дополнителни или чувствителни разговори. Пожелно е да ги намалите деловните контакти и да си ги разјасните сопствените планови. Премногу сте расеани, работата страда, но страдаат и старите пријателства, за кои многу ќе жалите. Јарец Не чекајте покана, ако веќе имате на ум нешто. Започнете го, дури и да не сте сосема сигурни во шемата, технологијата и начинот на работа. Подобро е да работите на принципот обиди се или згреши отколку само да мечтаете за тоа. Водолија Мирен ден, до некој степен и здодевен. Единствениот спокоен зрак ќе биде разговор со стара љубов или нов обожавател, но ќе бидете задоволни. Работните обврски или заостанатите испити не можат да чекаат, фаќајте се за работа. Риби Премногу сомнежи ви доаѓаат на ум. Ако се продлабочите во нив ќе изгубите време и емоции, а нема да дојдете до никакво практично решение или образложение. Размислете дали вреди, ние ве советуваме да продолжите напред без навраќање.