,

Цвекло салата и „deviled“ јајца

Добивај вести на Viber

Нашиот живот е малку подинамичен од вообичаено. Денес имав хаотичен ден, подготвувајќи се за пат, па затоа во спремив една многу брза салата и јајца т.н deviled eggs. Иако многу брзо се спремаат, не се за потценување верувајте, особено што одлично би и прилегале на вашата трпеза за претстојните слави. Потребни состојки за салатата: 4 варени компири 400 гр. Цвекло (од тегла) 10 мл. Маслиново масло Сол и бибер Се заедно ставате во блендер, мелете, додека не добиете кремава структура. За јајцата сварете 2 јајца по човек. Јајцата треба да бидат тврдо сварени (околу 10 мин). Кога сосема ќе се изладат излупете ги и насечкајте ги на пола. Жолчките извадете ги, па ставете ги во блендер. На 3 јајца ставете 3 големи лажици од салатата со цвекло, 2 лажици павлака, малку маслиново масло, сол и бибер. Со шприц за торта наполнете ги јајцата. Bon appetit. Мали совети. Јајцата варете ги на тивок оган да не ви испукаат. За да не ви се распаднат, почекајте сосема да се изладат пред да ги лупите.     За Женски Магазин готви Маја Зивчевиќ