Четкар првпат ќе настапи со септет од познати македонски музичари

Добивај вести на Viber

Македонскиот џез и фанк гитарист Владимир Василевски – Четкар на 17 јануари со почеток во 21.30 часот во ноќниот клуб „Станица 26“. Музичарот за првпат ќе настапи во Македонија со септет, составен од познати македонски музичари како: Ѓоле Максимовски на бас, Филип Стевановски на тромбон, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Демир Катуровски на труба, Виктор Филиповски на тапани и Гордан Спасовски на клавијатури. Четкар, кој живее и работи во Њујорк, а музицира буквално низ целиот свет и досега има настапувано на сите светски релевантни џез фестивали и клубови, не сака да го скрие големото задоволство што настапува на домашен терен со извонредни македонски музичари. На крајот на 2017, во декември екипата на Женски Магазин, направи интервју со него во кое тој ни откри дека во 2018 планира турнеја во САД и нова турнеја во Азија. Исто така во 2018 планира да го издадам неговиот трет студиски албум. Женски Магазин – Во кои се земји до сега си свирел, кое е твоето највпечатливо патување и најубав концерт? Четкар – Сум имал концерти во САД (во скоро сите поголеми градови), Канада, Англија, Италија, Унгарија, Јужна Кореа, Индија, Кина, Хонгконг, Индонезија, Камбоџа, Тајланд, Малезија, Србија, Мексико, Гватемала и други земји во централна Америка. Сите патувања се посебни и си имаат свој шмек а како патувањата така и концертите. Сум настапувал пред десетици илјади странска публика на некој од најголемите фестивали во светот како Зигет во Унгарија, или Јарасум во Јужна Кореа но и пред стотина луѓе во легендарните њујоршки џез и блуз клубови како „Блу Ноут“, „Би Би Кинг Блуз Клаб“, и секогаш кога сум се поврзал со публиката емоционално сум уживал исто без разлика пред колку луѓе или каде сум настапувал. Целото интервју може да го прочитате тука