Хороскоп // Хороскоп
Љубовен хороскоп за март 2018
Овен
За овните првата недела во март ќе биде безживотна на љубовен план. Но, од 8ми март вашата среќа ќе биде се поголема. Поминувањето на Венера ветува среќа во љубовта, разбирање на партнерите, поволности за свадба, флерт, добра забава.
Бик
Биковите во март ќе имаат голема среќа, која ќе трае до ноември. Но, не фантазирајте премногу бидејќи во овој период ќе имате и комплицирани ситуации и неочекувани пресврти.
Близнаци
Подготвени сте да превземете иницијатива, да дејствувате, да донесете одлуки и да се потрудите за да функционирате како пар. Понекогаш ќе ги форсирате работите или ќе имате променливо расположение. За близнаците, март е добар за љубов, забава и уживање во заедничките цели.
Рак
Сериозно ќе го сфатите љубовниот живот, тука се вклучени обврски или можеби поминувате низ тежок период. Работите ќе станат појасни во втората половина на месецот кога Марс влегува во домот на Раковите, забрзувајќи ги работите. Од друга страна, може да сметате на позитивните ефекти на Јупитер кој домот го исполнува со љубов. Ќе имате компликации, но проблмеите може да се решат и се да биде супер.
Лав
Во првиот дел на март ве очекува еротски набој и романтика. Желбата за освојување може да доведе да имате љубовни авантури. Во првата половина на месецот ќе ве исполнува задоволството.
Девица
Љубовниот живот ќе ви донесе донесе задоволство, ќе ви помогне во разговори, патувања, средби и исполнување на заеднички цели.
Вага
Март ќе ви донесе поголема потреба со вашиот парнтнер да споделите повеќе чувства, мисли, впечатоци, информации.
Шкорпија
Март е романтичен месец. Ќе имате среќа во љубовта, флертување, авантури или ќе го достигнете врвот во љубовниот живот. Може да се заљубите во колега или колешка.
Стрелец
Во првиот дел од месецот, присуството на Марс ќе придонесе да одговорите и на најмалите провокации. Во март ќе имате многу можности на љубовен план, ова е месец полн со случувања.
Јарец
Март ќе ви донесе романтично расположените, флерт. Во некои случаеви тоа може да биде знак на емотивна нерамнотежа. Ќе ве привлече партнер кој е зборлив и снаодлив.
На некое патувања може да ја запознаете љубовата или пак поради неа да заминете на пат.
Водолија
Март ќе ви донесе важни средби, патувања кои може да бидат важни за вашиот љубовен живот, потенцијалните врски може да бидат резултат на заеднички впечатоци или цели.
Риби
Првата недела во март е добра за љубов. Нема комбинации кои може да ви донесат среќа, задоволство, хармонија.
Љубовниот живот ќе ви се испреплете со материјалниот, а можеби и со професионалните интереси.