За Стара нова година еден од најоригиналните домашни музички состави - Љубојна ќе настапат во Охрид.
Македонскиот бисер е домаќин на настанот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ каде има навистина богатата програма.
„Македонска традиционална музика, ноти извадени длабоко од срцето кои раскажуваат за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот, вистински и отсекогаш модерен звук. На едно место музика за душа во најубавиот град. Дојдете вечерва на Градскиот плоштад во Охрид. Концертот започнува во 21:00 часот“, порачуваат организаторите.
Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.