Актерот кој ја освои наградата Златен глобус за улогата во филмот „The Disaster Artist“ реагира на тврдењата дека искористил и вознемирил две свои соработнички.
Се што слушнав досега не е точно, но ги поттикнувам луѓето кои сакаат јавно да говорат за злоставување бидејќи долго молчеле. Не сакам да ја намалувам нивната важност. Мислам дека тоа е добра работа и со нив сум“, рекол Џејмс Франко, во шоуто на Стивен Кулберт.
Зошто Џејмс Франко го пуштија на доделувањето на наградите? Веќе премногу кажав. Уште седи на маса со Кристијан Слејтер , и јас сум една од жртвите. Ве молам, немојте ни да ме прашувате зошто ја напуштив филмската индустрија - напиша актерката Ally Sheedy (55) на Твитер откако актерот ја прими престижната награда за најдобра главна машка улога во филм.
Sheedy, најпозната по улогата во филмот 'The Breakfast Club', набрзо ги избриша објавите.
Франко тврди дека „нема поима што и направил на Ally Sheedy“. Со актерката соработувал на својата прва претстава 'The Long Shrift'.
Ally ја почитувам, но таа своите објави ги избриша. Не можам јас да ги објаснувам нештата наместо неа-рекол Џејмс Колберт.
Актерката, сценаристка и режисерка Violet Paley исто така јавно го обвини Франко, кој на доделувањето на Златниот глобус носеше беџ со слоганот на движењето против сексуално злоставување.