Фама околу фустанот на Mеланија Трамп: Ги збуни и модните познавачи
Додека американската јавност дебатира за „војничкото“ издание на сопругата на Доналд Трамп, таа подготви уште една комбинација која повторно остави силен впечаток.
Американската јавност не е воодушевена од досегашниот претседател - тоа не е тајна.
Секој потег е немилосрдно анализиран, а таков е случајот дури и со неговата сопруга Меланија, која успеа да освои симпатии, но, сепак има дел од јавноста која ги смета сите детали поврзани со нејзиниот живот како тајна порака.
Таков беше и случајот со вчерашното, војничко издание, во кое американската прва дама се појави, а кое се толкува прилично бизарно: Сопругата на Трамп е споредувана со Ева Браун, Јованка Броз, насловена како „жена на диктаторот“, итн... Иако, Меланија само носеше маслинова јакна и здолниште.
Додека медиумите анализираат зошто ја одбрала оваа конкретна нијанса и каков сигнал испраќа Меланија на светот, таа се појави на третата вечер на Републиканската национална конвенција во нова комбинација која исто така предизвикува фама.
Г-ѓа Трамп избра циклама фустан, кој наликува на моделите на фустани и палта што таа претпочита да ги носи. Тоа е затворен фустан, струкиран, од половините надолу се шири во форма на ѕвонче и е во миди должина.
Она што е особено интересно е набраниот материјал на половината и два црни украси кои личат на неврзана панделка. Дури и најголемите модни експерти се збунети затоа што не успеваат да утврдат за која марка станува збор, додека обично, на прв поглед судат кој ги потпишува комбинациите за облеката на Мелани. Според британскиот Express, најверојатно е фустан од модната куќа Џејсон Ву, кој нуди слични модели, по цена од нешто помалку од 800 долари.
Американската прва дама, секако, го комбинираше овој фустан со класични салонки, овој пат со потписот на куќата на Маноло Бланик, чија цена е околу 680 долари.
извор:glossy.espreso.rs