Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Цеце Орешкова и Кристијан Георгиев наскоро ќе станат родители
Поранешната манекенка Цеце Орешкова по долги години врска со Кристијан Георгиев, кој исто така беше манекен, ја крунисаа врската со брак во 2015 година, а сега очекуваат принова.
Орешкова по примерот на голем број светски ѕвезди направи фото сесија во деветиот месец од бременоста и иако парот не го откриваат полот на детето, мора да се признае дека фотографиите изгледаат како дело на вистински професионалец.
За оваа пригода, Орешкова позира во долна облека, а Кристијан е во полежерно издание.
Парот брои ситно до раѓањето на новиот член на нивното семејство.