(ФОТО) Префинет ентериер: Интимното катче на Лила Стојановска

Популарната македонска водителка од време на време знае да објави фотографии од својот дом и преку деталите кои преовладуваат во просторот, да покаже каков ентериер одговара на нејзиниот сензибилитет.


Секој од нас има интимно катче во кое сака да го поминува слободното време, па така и Лила Стојановска знае да ги изненади следбениците на социјалните мрежи објавувајќи слики од својот дом.


Тоа што е впечатливо во ентериерот е преовладувањето на префинетиот вкус, како и доминацијата на цвеќиња, кои даваат доза на свежина во целиот простор.


Доколку сакате да направите мали промени во домот, може да се послужите со примерите од нашата позната водителка.