Имаше само 2 минути да си ги спаси децата: Ѕвездата од „Вовед во анатомија“ конечно проговори за својата најголема траума (фото)
Холивудската актерка Катерина Скросоне, позната по улогата на докторката Амелија Шеферд во серијата „Вовед во анатомија“, на својот Инстаграм профил сподели фотографија од нејзината куќа која неодамна изгоре до темел. За среќа, таа и нејзините 3 деца ја избегнаа големата трагедијата.
- Куќата ми изгоре пред неколку месеци. Додека ги подготвував децата за спиење, околу кадата од бањата почна да чади. Кога погледнав низ ходникот, веќе се создаде огромен густ чад кој ја исполни целата куќа. Имав околу две минути да ги извадам моите три деца од дома, не се ни облековме, туку веднаш излеговме. Ги загубивме четирите миленици и сè уште тагуваме по нив, но премногу сме среќни што успеавме да се спасиме, изјави актерката.
Покрај фотографиите кои настанале по пожарот, актерката ги сподели и лекциите што ги научила од трауматичното искуство.
- Она што го научивме од оваа несреќа е дека единственото нешто кое е важно во животот се луѓето што ги сакаме. Единственото нешто што е важно се семејството и пријателите. Ние не би биле тука без нив и многу сме им благодарни. Ова не е објава за пожарот, ова е објава за сите нив. Ова е писмо полно со љубов до неверојатните луѓе кои ни помогнаа и за неверојатниот начин на кој тоа го направија. Им благодариме на пожарникарите и детективите. Благодарам на мојата сосетка која одговори на нашето панично тропање на нејзината врата. Им благодарам на родителите од училиштето кои за моите деца праќаа играчки и книги, на моите пријатели од „Вовед во анатомија“ кои пратија облека и прибор, вели актерката во постот.