Морничаво - кажа дека ќе биде добар и никогаш не се разбуди: Ваквата смрт е најголемиот страв во Холивуд
Талентираниот актер Хит Леџер имаше само 28 години кога бил пронајден мртов во својот кревет, оставајќи ги зад себе ќерката Матилда и поранешната девојка Мишел Вилијамс. Додека неговиот приватен живот беше бурен, професионално сè му одеше одлично месеци пред неговата смрт.
Не многу пред неговото заминување тој го заврши филмот за Бетмен во кој ја играше улогата на Мрачниот витез создадена од Џек Николсон.
Во интервјуата направени пред неговата смрт, актерот изјавуваше дека играњето на улогата Џокер му била тешка и дека користел лекови на рецепт за да се справи со постојаните напади на стрес и несоница, но очигледно тогаш тоа никој не го сфатил сериозно.
- Вознемирен од несоница, очаен да спие, тој шеташе низ станот со нервоза и агонија, изјави неговиот пријател и некогаш цимер Гери Гренел за списанието People.
Тој додаде дека го слушал Хит навечер како се буди и шета низ станот, а кога ќе му кажел да замине на спиење бидејќи го чека напорен ден, тој само ќе му одговорел дека не може да заспие.
Утрото на 22 јануари во 2008 година кога хигеничарката на Хит пристигнала во неговиот стан, 12:30 часот, го затекнала како лежи со лицето надолу во креветот, таа рекла дека влегла да ја промени сијалицата, а пред да излезе го видела дека спие.
Во 15 часот истиот ден, пристигнала неговата физиотерапевтка и откако ја поставила масата за масажа отишла да го разбуди. Но, кога дошла до неговото тело тоа веќе било ладно, потресена веднаш повикала брза помош која само ја контатирала неговата смрт.
Откако се рашири веста веста за неговата смрт се појавија гласини за причината која ја предизвикала неговата мистериозна и ненадејна смрт, а многумина шпекулираа дека улогата на Џокер и раскинувањето со Мишел го ставиле во состојба на депресија.
Сепак, резултатите од обдукцијата покажаа дека тој починал од „акутна интоксикација“ откако проголтал коктел на лекови земени на рецепт. Неговата смрт беше прогласена за несреќен случај. Меѓу другото, во лековите биле пронајдени таблети против анксиозност и за спиење.
Официјално, Хит Леџер починал како последица на акутна интоксикација со комбинирано дејство на оксикодон, хидрокодон, диазепам, темазепам, алпразолам и доксиламин - изјавила портпаролката на лекарскиот преглед.
Пред неговата смрт, пријателите и семејството биле загрижени за големата зависност на Хит од апчиња. Ноќта пред кобната вечер, неговата сестра Кејт му упатила последна молба да престане да користи барем дел од нив.
- Не можеш да мешаш лекови за кои не знаеш ништо – се присетила таа на својот брат и неговите зборови: „Ќе бидам добро“.
Хит беше млад човек кој постојано патуваше и сакаше да работи. Дури и како дете тој имал проблеми со спиењето. Се обидувал да работи, да патува и да го направи сето тоа за краток временски период.
По комеморацијата во Њујорк и Лос Анџелес, семејството на Леџер го врати неговото тело назад во родната Австралија, каде што бил кремиран на приватен погреб на кој присуствувало целото негово семејство.
Фото: Instagram/HeathLedger