Побарала пари од ќерката за да се грижи за внукoт: Потег кој го запали и подели Интернетот

фото: Profimedia

„Необично“ барање од баба го подели Интернетот

Во денешно време, кога двајцата родители се вработени, бабите и дедовците доаѓаат на помош да ги чуваат своите внуци додека мама и тато не се вратат од работа.

Една австралиска баба, која работи од дома, беше приморана да престане да работи неколку дена во текот на неделата за да го чува своето едногодишно внуче, поради што реши да го наплати тоа задоволство.

Имено, бабата од својата ќерка и зет побарала 15 долари на час за да се грижи за своите внуци, а таа својот потег го оправдала со тоа што ѝ било побарано да ја напушти својата работа неколку дена во неделата.

Нејзината ќерка и понудила цена од 10 долари на час, но бабата ја одбила таа сума, дури и се налутила заради малата понуда, пренесува Daily Mail.

„Не водам градинка, ми требаат пари за да ја надокнадам платата што ќе ја изгубам затоа што нема да ја работам својата работа неколку дена во неделата“, напишала бабата на социјалните мрежи.

После тој пост, корисниците ја преплавија со коментари.

Многу корисници сметаат дека е очигледно дека оваа баба воопшто не сака да се грижи за нејзиниот внук, особено затоа што бара толку голема сума. Повеќето се согласија дека толку многу пари се даваат на професионалните дадилки кои имаат завршено училиште и разни курсеви, па ја прашале бабата какви квалификации има за да сака толкава сума.

Сепак, има и такви кои ја поддржуваат бабата, а како образложение велат дека ѝ треба компензација затоа што останала без дел од приходот.

„Дали е нејзина обврска да работи бесплатно за да ѝ помогне на својата ќерка?!“, гласеше еден коментар.

Што мислите кој е во право?

извор:stil.kurir.rs