Последно предавство! Асистентот на Метју Пери, со кого живеел и работел 25 години, признал дека на актерот му вбризгал фатална доза кетамин: Ланец од пет луѓе довела до смрт на ѕвездата
Кени Ивамаса, долгогодишен асистент на холивудскиот актер Метју Пери, се изјасни за виновен по обвиненијата дека му давал кетамин на покојната холивудска ѕвезда што ја предизвикала неговата смрт, соопштија обвинителите во четвртокот. Ивамаса сега се соочува со потенцијална казна до 15 години затвор, а неговото апсење доведе до обвиненија против уште четири лица, вклучувајќи го и докторот од Лос Анџелес кој го снабдувал Пери со смртоносниот лек.
Да потсетиме дека Метју Пери живеел со Ивамас, кој работел како негов асистент до смртта на актерот.
Министерството за правда објави дека токму Ивамаса му вбризгувал кетамин на Пери на денот на неговата смрт, 28 октомври 2023 година. Обвинителството од Калифорнија откри дека овој 59-годишен маж на 7 август се изјаснил за виновен по една точка од обвинението - дека инјектирал супстанца која потоа предизвикала смрт, пишува „Дејли мејл“.
„Помошникот призна дека му вбризгувал кетамин на Пери повеќе пати без медицинска обука, вклучително и повеќекратни инјекции на 28 октомври 2023 година, денот кога умре Пери“, се вели во соопштението на Министерството за правда.
Ивамаса со Пери соработуваше 25 години, а двајцата живееја заедно во последниот период од животот на актерот. Се верува дека токму тој го пронашол безживотното тело на Пери во џакузито во новореновираната куќа на Беверли Хилс.
Покрај Кени, обвинети се и Јасвин Санга, која ја нарекуваат и „кралица на кетаминот“ на Северен Холивуд, лекарот Салвадор Пласенсија од Санта Моника, докторот Марк Чавез од Сан Диего и Ерик Флеминг.
Полицијата дури добила и СМС пораки разменети меѓу двајцата горенаведени лекари, во кои планирале да и продадат кетамин на Пери. „Се прашувам колку ќе плати овој морон“, гласеше една порака, додека одговорот беше: „Ајде да дознаеме“.
Д-р Пласенсија е обвинет за дистрибуција на кетамин, а лекот му го продавал д-р Чавез, кој призна дека го набавил со поднесување лажен рецепт до производителот, а на име на поранешен пациент без негово знаење и согласност.
Ерик Флеминг понатаму признал дека го дистрибуирал кетаминот што го уби Пери и дека добил 25 ампули од Санга и му ги дал на помошникот на Пери, Ивамаса, четири дена пред неговата смрт. Санга, пак, е обвинет за голем број кривични дела поврзани со наркотици.
Извор: Zena.blic.rs