ПРЕКУ ЛОНДОН МЕТ ДО УСПЕШНА КАРИЕРА

Добивај вести на Viber

Студентите кои студираат бизнис и економија на британските универзитети ќе имаат најголем бериќет од нивните дипломи.

The Telegraph, јули 2018

Според анкетата спроведена од страна на британската влада во 2017 година во однос на тоа каде завршуваат дипломираните студенти по завршувањето на студиите на некој од британските универзитети импресивни 96.7% од дипломците на Лондон Мет наоѓаат работа во рок од шест месеци. Следуваат неколку стории за успешни алумни на Лондон Мет.

"Сретнав голем број на искрени пријатели студирајќи на Лондон Мет, а тројца од нив подоцна станаа мои деловни партнери."

Ондреј Мридас, МБА Бизнис Менаџментт, сега генерален директор на Kronne Invest Ltd

"Овие студии дефинитивно ми помогнаа да се снајдам во животот. Мојот начин на размислување се смени и јас можев себеси и моите идеи да ги развивам многу бргу."

Анастасија Паранова, МБА, основач на Important Internships

"Студирајќи на Лондон Мет добив подршка да започнам свој бизнис наместо да бидам вработен за некоја компанија. Во последната година од студиите го земав модулот Одржлив Туризам  и напишав дисертација на тема пристапен туризам. Набргу сватив дека има дупка на пазарот и еве кај сум сега."

Дамиано Ле Рока, Студии по Менаџмент на Организација на Настани, бизнисмен

"Најпрвин сакав да студирам анимацја но потоа се одлучива за студии по маркетинг на Лондон Мет. Никогаш не се покајав за мојата одлука. На Лондон Мет најважно за мене беше пристапот до виртуелната програма за учење на универзитетот. Таму сите предавања и презентации беа регуларно прикачувани. Тоа многу ми помогна во подготовката на часовите и на испитите. Како дел од моето стажирање работев на изработката на универзитетскиот вебсајт и на брендирањето. Тогаш сватив дека маркетингот е она што јас сакам да го работам во животот."

Натали Левковиц, Студии по Рекламирање, Маркетинг Комуникации и Односи со Јавноста, сега работи како директор на дигиталниот маркетинг во неколку банки во City of London


"Лондон Мет го претставува сето она што го сакам во Лондон: културата, разноликоста, енергијата. Лондон Мет е веројатно причината поради што создадов стриктна работна етика. Мојот персонал коментира колку знам и колку сум обучена но тоа е се поради моето студирање во Лондон Мет."

Деми Овосеје

"Директор, стидии по архитектура и дизајн, сега директор на Majeurs Chesterfield Ltd, со канцеларии во Лондон и Нигерија. Познати клиенти: Џејми Оливер, Џими Чу, Принцот Чарлс

Јас сум горда што студирав на Лондон Мет бидејќи ми беше дадена шанса да ја развијам мојата артистичка визија и креативност но во исто време ми помогна да стартувам бизнис. Јас се стекнав со знаење кое ми помогна да содадам производ и да го претставам на комерцијалниот свет – сето тоа го научив во Лондон Мет."

Имоген Белфилд, Мастер по дизајн на накит; нејзини клиенти се Ума Турман и Џорџија Џегер. Актерката Камерон Дијаз го носеше нејзиниот накит во филмот The Councellor